четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кристијано Роналдо бара од Манчестер јунајтед да го продаде доколку дојдат добри понуди

Кристијано Роналдо бара од Манчестер јунајтед да го продаде доколку дојдат добри понуди

Кристијано Роналдо летово ќе го напушти Манчестер јунајтед, објави „Тајмс“. Португалецот се обратил до управата на клубот со барање да го продаде доколку добие соодветна понуда.

Триесет и седумгодишниот напаѓач има за цел да игра во Лигата на шампионите секоја сезона до крајот на кариерата. Според него, му остануваат уште 3-4 години како професионален фудбалер.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед на крајот на август 2021 година. Во сезоната 2021/22 тој постигна 24 гола и три асистенции на 38 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година. (МИА)