Овој брз и интересен рецепт можат да го прават и деца, има само 4 состојки.
Состојки
200 гр пишкоти
150 мл павлака за шлаг
100 гр чоколадо
Кокос
Подготовка
Стопете го чоколадото во загреаната павлака. Секоја пишкота потопете ја во кремот па извалкајте во кокос. Оставете во текот на ноќта да омекнат и јадете. Но можат да се јадат и по некој час.
Послужување
Можете кокосот да го обоите во разни естетски бои и да се извалкаат пишкотите. За детски роденден и други прослави.Погодно за ужинка за деца во училиште.