Потребно е:
1,5 кг мелено месо
250 гр чадена сланина
200 гр ориз
2 главици кромид
20-30 листови кисела зелка
1,5 кг кисела зелка сецкана на ленти
1,5 л павлака за готвење
1,5 лажиче сол
1 лажиче бибер
2 лажичиња мелена црвена пиперка
100 гр свинска маст
Подготовка:
– Оризот убаво измијте го и сварете го но не сосема во повеќе вода. Исцедете го, измијте го со ладна вода и оставете убаво да се исцеди.
– На маст испржете го дитно сецканиот кромид.
– Месото измешајте го со исцедениот ориз, додадете ги испржениот кромид, сол, бибер и мелена црвена пиперка. Убаво измешајте за да се соединат сите состојки.
– На секој лист од зелка ставете од смесата со месо и замотајте го листот како сарма.
– Сланината исечете ја на тенки ленти и наредете ги на дното на подлабока тава за печење со капак.
– На сланината распоредете половина од сецканата зелка, а над наредете ги сармите. Одозгора полијте со околу 600 мл павлака за готвење.
– Сега повторно ставете еден ред сецкана зелка и посипете со преостанатата павлака.
– Поклопете ја тавата со капак и ставете ја во ладна рерна. Вклучете ја рерната на 220 целзиусови степени. Сармата печете ја околу 3 часа, од кои последниот половина час печете ја непокриена за да се запечат. (МИА)