четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гинеколог од велешката болница барала мито: По пријавата во полиција ги вратила парите

Гинеколог од велешката болница барала мито: По пријавата во полиција ги вратила парите

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против С.Д.(58) од Велес  за сторено кривично дело „примање поткуп”.

-На  07.06.2018 година во Велес, во ЈЗУ Општа Болница Велес, пријавената, вработена како гинеколог – акушер во наведената болница, од В.П., побарала 50 евра без напомена за каква здравствена услуга се наменети, по што сопругот на В.П., и го дал на истата, бараниот износ. По ова, наведениот паричен износ не бил наведен во фискалната сметка за здравствените услуги на оштетената, информираат од МВР.

На  26.06.2018 година во Велес, пријавената и нејзиниот сопруг, го убедувале сопругот на В.П. да ја повлече пријавата, при што му вратиле 50 евра.