Вчера околу 10.00 часот на улицата „Македонско Косовска Бригада“ во Скопје непознат маскиран сторител извршил разбојништво над А.Ф. (47) од Скопје, вработен како поштар во АД „Македонски пошти“.
Сторителот со закана со пиштол од А.Ф. одзел чанта во која имало од 15.000-20.000 денари, по што побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.