понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Им ги сликале другарките, па добиле ќотек: Масовна тепачка во трговски центар во Скопје

Причина за нарушувањето на јавниот ред и мир било тоа што трите лица од Кичево со мобилен телефон сликале две другарки на Ј.Р. и М.С.
Им ги сликале другарките, па добиле ќотек: Масовна тепачка во трговски центар во Скопје

Вчера во 21:50 часот било пријавено дека во трговски центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу К.М.(22), Ф.Ј.(22), Л.Б.(22) сите од Кичево од една страна и Ј.Р.(29) и М.С.(30) од Скопје од друга страна страна.

Причина за нарушувањето на јавниот ред и мир било тоа што трите лица од Кичево со мобилен телефон сликале две другарки на Ј.Р. и М.С.

Тие најпрво започнале вербална расправија, а потоа настанала и тепачка. На местото на настанот излезено е од страна на полициски службеници и сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.