сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Вакви работи не му се потребни: Роналдо го понижуваше Флоренци поради неговиот изглед, па тој реши да се пресмета со Кристијано (ВИДЕО)

Вакви работи не му се потребни: Роналдо го понижуваше Флоренци поради неговиот изглед, па тој реши да се пресмета со Кристијано (ВИДЕО)

Рома вчера во рамките од 36-тото коло во Серија А го победи Јувентус со 2:0. Головите за „волчицата“ ги постигнаа Алесандро Флоренци и Един Џеко.

Кристиано Роналдо прикажа солиден настап, но во второто полувреме самиот себе се можеби и без причина се доведе во незгодна ситуација.
Имено, во една ситуација тој му се потсмеваше на Флоренци за неговата висина.

После натпреварот Флоренци јасно му стваи до знаење што мисли за него.

„Да го оставиме назад тоа што се случило на теренот. Ние два пати ја исфрливме топката, а тој продолжи да игра. Тој е освојувач на Златната топка и мисли дека може да прави што сака“, изјави Флоренци.

Флоренци после таа ситуација успеа и да постигне погодок и на најдобар начин одговори на провокациите од Роналдо.