четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Нема гласна музика и барови, само мир и природа: Ова е најубавата плажа во Европа (ВИДЕО)

Нема гласна музика и барови, само мир и природа: Ова е најубавата плажа во Европа (ВИДЕО)

Веб сајтот за патувања „European Best Destinations“ ја прогласи плажата Пасјача крај Дубровник за најубава во Европа. Соседната, пак, Нугал, е на третото место, соопшти Хина.

На фановите на гласната музика, баровите на плажа и водните спортови сајтот им препорачува да ја избегнуваат Пасјача. Таму нема ништо такво, туку само мир и природа.

Најубавата плажа во Европа се наоѓа во срцето на Конавље, на 10 километри од Цавтат и на 30 минути патување од Дубровник.

Пасјача го освои првото место во конкуренција со плажи во Шпанија, Црна Гора, Грција, Корзика, Франција, Италија, Романија и Бугарија. Хина забележува дека второто место и припаднало на плажата Нера во Андалузија, Шпанија.