Словенецот Лука Дончиќ важи за еден од најсмирените и најпозитивните кошаркари во НБА лигата. Токму поради овие карактеристики навивачите веднаш го прифатија во најсилната лига во светот. Но, на вчерашниот меч против Лос Анџелес Клиперс, словенечкиот плејмејкер покажа една друга страна на својот карактер.
Новајлијата на „клиповите“, Теренс Ман, удри по топката која беше во рацете на Дончиќ, а кога играта веќе беше прекината, што го натера членот на Далас да му одговори со соодветна ситуација.
Останатите играчи веднаш спречија поголем инцидент, кој секако немаше да биде добра слика за Дончиќ.
извор: gol.mk