петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вељко ќе се жени во униформата на Аркан, а тоа што ќе го носи Богдана нема никого да остави рамнодушен (ФОТО)

Вељко ќе се жени во униформата на Аркан, а тоа што ќе го носи Богдана нема никого да остави рамнодушен (ФОТО)

Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ за еден месец ќе стапнат на лудиот камен, па на големо ја подготвуваат свадбата, која ќе се одвива според старите обичаи.

Како што открива извор близок до семејството Ражнатовиќ, младоженецот и сватовите ќе одат по невестата, откако ќе ја „купат“ ќе следува венчалната церемонија во храмот „Свети Сава“, а потоа и прославата во познат ресторан со минимум 500 гости.

Според изворот, сите се возбудени поради свадбата, но пред се’ поради приновата што ја очекуваат идната година.

Инаку Вељко ќе се венчава во униформата на својот татко Аркан, додека што се однесува до Богдана, Вељко не инсистира таа да ја носи венчаницата на Цеца. Но изгледа токму тоа ќе се случи, бидејќи идната свекрва сака да и го даде својот венчален фустан, а планира да и’ купи уште еден, кој ќе го носи во ресторанот.“

Најнови вести