Во Полициската станица Крива Паланка вчера околу 14:40 часот било пријавено дека во Итната медицинска помош со повреди бил донесен Г.Л.(43) од Куманово.
-Според пријавеното, на патот во изградба с.Т’лминци – с.Градец, кај место викано „Крстата падина’’, Г.Л. изгубил контрола над товарното моторно возило „Ман“, со скопски регистарски ознаки, при што скокнал од возилото и се здобил со тешки телесни повреди, информираат од МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.