понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Три возила се судрија кај Лозово, едно лице повредено

Три возила се судрија кај Лозово, едно лице повредено

Едно лице повредено во сообраќајна несреќа што меѓу три автомобили се случи вчера утро на магистралниот пат Велес-Штип.

Министерството за внатрешни работи иформира дека вчера околу 9:00 часот кај Лозово дошло до судир помеѓу три возила, „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.П. (46) од Штип кое удрило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувана од С.Д. (27) од Скопје.

После тоа возилото „Тојота“ удрило во патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. (49) од Скопје. Притоа, со повреди се здобил А.Г.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.