понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Во февруари, Лигата на шампионите ќе биде сосема поинаква

Гвардиола: Во февруари, Лигата на шампионите ќе биде сосема поинаква

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола по дуелот со Шахтјор (1:1), оцени дека неговиот тим одигра рутинирано и додаде дека во февруари, кога ќе се играат елиминацикси натпревари, Лигата на шампионите ќе биде многу поразлична.

– Знаевме дека имаме изборено учество во плејофот. Знам кои бевме. Знам кој тим сме сега. Почнавме да го составуваме овој тим пред повеќе од десет години и оттогаш сме седум пати во плејофот. Овој турнир во февруари ќе биде комплетно различен, многу покомплициран. Ајде да видиме во какви услови ќе му пристапиме. Сега треба да се фокусираме на Премиер лигата, нагласи Гвардиола.

Манчестер сити во конкуренција на Шахтар, Динамо Загреб и Аталанта го обезбеди првото место во Ц-групата од елитното фудбалско натпреварување.