четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Валверде би одбил менаџерска позиција во Премиер лигата за работа во… Австралија

Валверде би одбил менаџерска позиција во Премиер лигата за работа во… Австралија

Поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде призна каков пристап ќе заземе при избор на следниот клуб, во кој ќе работи.

Шпанецот беше разрешен во јануари и го замени Кике Сетиен. За 2,5 години, Валверде ги доведе Каталонците до две титули во шпанската лига.

-Ме прашуваат: „Што мислите за Премиер лигата?“ Јас велам: „Всушност, би ја претпочитал Австралија“. Фудбалската кариера не трае вечно, а понекогаш размислувате да ја искористите можноста да живеете на непознати места, рече 56-годишниот ментор.