Министерот за европска интеграција и меѓународна соработка на Република Српска, Златан Клокиќ потврди дека е позитивен на коронавирусот.
-Јавено ми е дека сум позитивен на коронавирус. Во домашна изолација сум и добро се чувствувам, без никакви симптоми, без зголемена температура и без кашлица, изјавил Клокиќ.
Министерот додал дека му било кажано да биде во контакт со дежурната епидемиолошка служба и да ги извести за сите контакти со кои комуницирал или има допир.
Синоќа во Република Српска се потврдени седум нови случаи на Ковид-19 со што вкупниот број на заболени е 27 лица.