понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Сопруга на познат фудбалер купила цел камион тоалетна хартија

Сопруга на познат фудбалер купила цел камион тоалетна хартија

Крилото на Севиља, Нолито раскажува како оди неговиот секојдневен живот, во затворен простор.

– Признавам дека сопругата ми купи цел камион тоалетна хартија. Дома, тренирам неколку часа на ден, следејќи ги упатствата на тренерите, за да не изгубам форма. Важно е да бидеме во совршена форма кога повторно ќе играме, рече тој за „Марка“.

Има многу работи што треба да се направат по дома, според него.

– Имаме три деца кои постојано се шегуваат. Сега гледам серии на „Нетфликс“,но ми остануваат уште многу филмови, рече тој.

Нолито додаде дека му недостасува нормален живот со семејството, како и тренинзи со соиграчите и натпревари.