Извршниот директор на Здружението на професионални фудбалери на Англија (ПФА) Гордон Тејлор во интервју за Би-Би-Си Радио 4 рече дека доколку сезоната продолжи, натпреварите може да се одржат со скратено време. Полувремето може да трае помалку од 45 минути, пренесува Сан.
За комплетирање на сите натпревари пред 2 август, заради препораките на УЕФА, за преостанатите кола ќе бидат потребни седум недели. Во овој период се планира да се заврши и ФА Купот. Така, беше решено да се утврди 19 јуни како краен рок за продолжување на националното првенство. Ако натпреварите не продолжат пред овој датум, тогаш може да се објави предвременото прекинување на првенството на Англија.
Претходно, сите клубови во Премиер лигата изразија желба да ја завршат тековната сезона со дозвола на надлежните. Беше забележано дека првенството може да се игра на неутрални стадиони. Исто така, беше објавено и за можното одржување натпреварите во Австралија.