Како што пренесуваат шпанските медиуми, Лука Јовиќ ќе мора да оди во изолација на одредено време, затоа што негов пријател добил позитивни резултати од тестот за корнавирус.
За среќа, наодите на Јовиќ се негативни, но заради мерки на претпазливост ќе мора да помине некое време во карантин.
Тоа значи дека нема да може ни да тренира со својот тим, па затоа е и отпишан од дуелот против Депортиво Алавеса во наредното коло.
За потсетување, Јовиќ неодамна се опорави од повреда и доби прилика во последните минути во средбата со Атлетик Билбао во претходното коло.
BREAKING: Real Madrid striker Luka Jovic self-isolating in coronavirus precaution after being in contact with a positive person pic.twitter.com/odYZR3vuS2
— Football Fans Tribe ?? ⚽ (@FansTribeHQ) July 8, 2020