петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Kривична пријава против лице од Струга за кривично дело „бесправно градење“

Kривична пријава против лице од Струга за кривично дело „бесправно градење“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.П.(47) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во текот на мај 2020 во Струга, катастарска општина Мислешево, пријавениот, како инвеститор, започнал со градба на помошен објект, спротивно на решението за градба и основниот проект, за што од страна на Градежна инспекција од општина Струга било донесено решение за отстранување на градбата.