четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо го спаси Јувентус од пораз на дербито со Рома

Роналдо го спаси Јувентус од пораз на дербито со Рома

Кристијано Роналдо постигна три гола на два натпревара за Јувентус под водство на Пирло.

Португалецот синоќа на дербито со Рома два пати се запиша во листата на стрелците и го спаси шампионот од пораз.

Рома водеше со 1:0 и 2:1, имаше и играч повеќе од 62.минута, но на крајот мораше да се задоволи само со бод.

Јувентус има четири, Рома еден бод по првите две кола во Серија А.