Фудбалскиот сојуз на Египет вчера соопшти дека фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, е заразен со новиот коронавирус.
Според соопштението, 28-годишниот фудбалер бил позитивен на тестот, но и нема никакви симптоми.
Медиумите објавуваат дека Салах заболел од Ковид-19 на свадбата на неговиот брат, а се појавија и првите фотографии и снимки од веселбата.