На 24.12.2020 околу 18.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Д.П(28) од Тетово, чиј угостителски објект во Тетово работел по дозволеното време и во објектот престојувале гости.
Д.П. бил задржан во Полициската станица Тетово, објектот е времено затворен, а по расчистување и документирање на случајот, против истиот ќе биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, поради сомннение дека сторил кривично дело„непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.