понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Работниците бесни: Претседателот ништо не разбира

Работниците бесни: Претседателот ништо не разбира

Работник на контрола на одржување во француската железница, Жонатан Сенјер вели дека додека траат протестите на работниците, претседателот Емануел Макрон ништо не разбира.

Сенјер за АП објаснува дека штрајкува заедно со илјадници други работници на државната железничка компанија поради обидите на Макрон да ја реформира таа компанија.

Тој е механичар кој работи за скромна плата, а прифатил во замена за гаранција да биде вработен.

Наведува дека сака да ја заштити идејата за јавна служба и францускиот начин на живот од американскот начин на несигурност во работата.

Макрон тврди дека бенефициите за работниците го гушат растот на пазарот, а Сенјер тврди дека сигурноста на вработените ги охрабрува луѓето да трошат повеќе пари и да ја засилуваат економијата.

Тој и неговите колеги од железницата штрајкуваат и денес, што е десетти пат овој месец.

Работниците на авиокомпанијата Ер Франс исто така штрајкуваат поради плановите на Макрон за реформи и други проблеми.