Во Секторот за внатрешни работи Скопје, се јавила 50-годишната Г.А.и пријавила дека вчера на улица “383“ заедно со нејзината 16-годишна ќерка биле физички нападнати од страна на Р.С.
Имено, истиот почнал да ја удира со клоци и тупаници во пределот на стомакот и рацете, додека нејзината ќерка ја влечел за коса и со тупаници и клоци ја удирал во пределот на стомакот, рацете и грбот.
По крвничкиот напад, двете се здобиле со видливи повреди во вид на модрици и црвенило.
Се работи на целосно расчистување на случајот.