понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Премиера на претставата „Јулие Цезар“ во Битолскиот театар

Премиера на претставата „Јулие Цезар“ во Битолскиот театар

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер премиерно ќе ја одигра претставата „Јулие Цезар“ дело на Вилијам Шекспир во режија на гостинот од Србија, Златко Паковиќ.

Во претставата „Јулие Цезар“ главната улога ја толкува актерката Соња Михајлова, а заедно со неа ќе настапат и Иван Јерчиќ, Петар Горко, Елена Моше, Борче Ѓаковски, Мартин Мирчевски, Маја Андоновска Илиевски, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Александар Стефановски, Христина Христова Николова, Викторија Степановска Јанкуловска, Сандра Грибовска и други членови на ансамблот на НУ Народен театар-Битола.

Сценографијата е на уметникот Филип Јовановски, костимографијата на Благој Мицевски, музиката ја компонираше Оливер Јосифовски, а драматург Билјана Крајчевска. Преводот на Шекспировиот Јулие Цезар го направи Драги Михајловски.

Театарската претстава „Јулие Цезар“ (Res publica или Cosa Nostra) финансиски е поддржана од Министерството за култура.

(Миа)