сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чешка побара вакцини против коронавирус од Кина

Чешка побара вакцини против коронавирус од Кина

Претседателот на Чешка, Милош Земан вчера разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за испорака на вакцини против Ковид-19, објавија денеска чешките медиуми.

Во соопштението на Амбасадата на Чешка во Пекинг, Кина одлучила „веднаш да одговори“ на барањето.

Земан слична молба упати и до Русија за достава на вакцината Спутник.

Досега само Унгарија од земјите-членки на Европска Унија го имунизира населението со кинеската вакцина на Синофарм.

Од почетокот на андемијата во Чешка, која има 10,7 милиони жители, со Ковид-19 се инфицирале речиси 1,3 милиони луѓе и регистрирани се над 20.900 смртни случаи.

Во Чешка досега граѓаните примиле 702.000 дози вакцини на Фајзер/БиоНтек, на Модерна и на АстраЗенека.

Чешка и Словачка каде е зголемен бројот на новозаразени ќе добијат дополнителни дози вакцина на Фајзер/БиоНтек од своите партнери во ЕУ.