среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: За оваа Влада и за Заев, ниту еден човечки живот не е вреден, колку што е вредна парата

Арсовски: За оваа Влада и за Заев, ниту еден човечки живот не е вреден, колку што е вредна парата

Таман мислиш најголемата глупост ја направил вчера со тајните служби, денеска гледаш дека провизии на вакцини правеле.
Ај да бидам подиректен: Вакцини нема заради провизии на власта и Заев, а веќе се над 3.200 починати од Ковид-19, стои во Фејсбук статусот на Димса Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– За оваа Влада и за Заев ниту еден човечки живот не е вреден, колку што е вредна парата. Мислам дека за пари се спремни и самите да се жртвуваат, а забораваат дека ниту еден автократ парите не ги однел во затвор или на друго место на прогон. Над 3.200 семејства лично се ожалостени и не можат да ја надополнат својата загуба, за да можат само 10тина семејства на власта да дивеат во луксуз, со мајбаси и џипови, квадрицикли и луксузни дестинации, трошејќи ги парите од провизии. Верувајте, ќе ви тежат сите тие пари од провизии на сите до еден, пишува тој.

– Не завршува одговорноста со завршувањето на вашето владеење, дури тогаш ќе ви почнат да ви тежат парите. Луѓе со болка што изгубиле блиски заради вашите провизии, по улици ќе ве плукаат. Вие провизиите ќе ги потрошите, ама болката и тагата кај народот ќе остане, се вели во Фејсбук статусот.

Најнови вести