Главните состојки на оваа интересна плескавица се компир и ориз, но ова што им дава посебен вкус се оризовите снегулки.
Потребно ви е:
100 гр варен ориз
1 чаша овесни снегулки
2 компири
1 снопче млад кромид и млад лук
сол
1 лажичка црвен пипер
бибер
1 лажичка презла
масло
малку сода бикарбона
магдонос
Оризот и компирот сварете ги заедно, а овесните снегулки сварете ги 2-3 минути, па потоа исцедете ги. Сите состојки измешајте ги заедно. Формирајте плескавици и пржете на загреано масло.