недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецепт за „хармоника“ компир: Вкусна вечера од состојки кои веќе ги имате во кујната

Рецепт за „хармоника“ компир: Вкусна вечера од состојки кои веќе ги имате во кујната

Однадвор крцкав, а внатре мек и сочен компир кој е совршена закуска или вечера.

Потребни состојки:

– 8 до 10 средни компири

– 200 гр. панчета

– 200 гр. гауда

– 200 мл. кисело млеко

– 1 жолчка

– малку масло за јадење и оригано

Начин на подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на кришки така што ќе останат споени на дното односно компирот треба да изгледа како хармоника.

Помеѓу секоја кришка ставете парче гауда замотано во парче панчета. Компирите прелијте ги со малку масло, а преостанатата гауда изрендајте ја и додајте ја одозгора заедно со ориганото. Печете на 200 степени.

Киселото млеко изматете го со една жолчка, па по половина час печење прелијте ги компирите и печете уште 15 минути (или подолго во зависност од компирот). Сервирајте со салата по желба.