Тимот на Еуро Никел од Кавадарци стигна до седмата победа во низа откако успеа да го добие мечот против екипата на Куманово со 112-111 на домашен терен.
Двата тима одиграа различни полувремиња, кавадарчани доминираа во првиот дел, додека кумановци успеаја да се вратат во игра преку шутот за три поени во вториот, а по двете продолженија двата бода останаа во Кавадарци.
Роберт Рикиќ беше незапрлив во рекетот со 30 поени и 14 скока, додека 25 поени и 5 асистенции додаде Јане Петровски. До дабл-дабл учинок стигна и Џексон Дубински кој оствари 16 поени и 13 асистенции, додека Дарко Соколов натпреварот го заврши со 12 поени, 6 скока и 5 асистенции.
Предводник на Куманово со 26 поени, 7 асистенции и 5 украдени топки беше Отис Ливингстон, Бранислав Џекиќ додаде 22 поени и 8 скока, додека 20 поени и 6 скока забележа Андрејевиќ. Стеван Глигоријевиќ постигна 17 поени и 5 асистенции започнувајќи го натпреварот од клупата.