вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо ќе биде подготвен за финалето во Лигата на шампионите

Роналдо ќе биде подготвен за финалето во Лигата на шампионите

Кристијано Роналдо не е сериозно повреден и ќе отсуствува само една недела. Најдобриот играч на Реал Мадрид ќе биде подготвен да се врати на терен за последниот натпревар во Примера, и секако за финалето во Лигата на шампионите.

Тој се повреди во неделата на „Ел класико“ против Барселона, откако со лизгачки старт Жерар Пике се обиде да интервенира пред самата гол линија и го удри фудбалерот на Реал.

Роналдо по крајот на првото полувреме беше повлечен од игра, а денешните лекарски прегледи покажаа дека повредата не е сериозна.