Кавадаречки Еуро Никел е првиот финалист во плеј-офот за шампионскиот трофеј во македонскиот машки кошаркарски шампионат.
Кавадаречкиот тим го потврди брејкот од пред два дена во Скопје и со нова одлична партија, по продолжението го елиминира најтрофејниот кошаркарски колектив скопски Рабптнички со(88-87, 74-74).
Во салата „26 април“ во Гевгелија избраниците на Самарџиев одново одиграа квалитетно и со тоа си обезбедија финална борба за титулата шампион на Македонија. Најпрецизен на натпреварот беше Питс од Работнички со 31 поен, додека во домашниот табор одлични беа Соколов со 18 и Дубински со 16 поени.