понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Баскет Кам и Бадел 1862 ќе бидат дел од Јадранската лига

Баскет Кам и Бадел 1862 ќе бидат дел од Јадранската лига

Освојувачот на двојната круна во женската кошарка во Македонија, Баскет Кам и нивниот најголем ривал, Бадел 1862 се пријавија за учество во Јадранската кошаркарска лига за следната сезона.

Неполни два дена по заврпувањето на финалната серија од плеј-офот во кој екипата од Макеоднска Каменица стигна и до шампионскиот трофеј, доаѓа потврдата за учество во најквалитетното натпреваруавње на просторите на поранешната држава.

Според најавите од редовите на екипата од Македонска Каменица, повеќе информации за идните планови на клубот ќе бидат објавени во наредните денови.

Женската Јадранска лига ќе брои вкупно 12. клубови учесници, поделени во две групи по шест. Што значи дека двата наши претставници ќе бидат одвоени во првата натпреварувачка фаза од регионалното натпреварување во кое би ги очекувало по десет натпревари против силни екипи од Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Бугарија.