среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонските кошаркарки против Германија ги почнуваат квалификациите за женскиот Евробаскет 2023

Македонските кошаркарки против Германија ги почнуваат квалификациите за женскиот Евробаскет 2023

Македонската женска кошаркарска репрезентација, на 11 ноември против Германија на гости ги почнуваат квалификациите за Европското првенство 2023 година.

„Црвено-жолтите“ се во А-групата заедно со Германија, Белгија и Босна и Херцеговина.

По Германија, Македонките ќе играат со БиХ на 14 ноември на домашен терен. Следната година гостуваат во Белгија на 24 ноември и ја пречекуваат Германија на 27 ноември. Во 2023 година се реваншите со БиХ на 9 февруари и со Белгија на 12 февруари.