Фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе се навикна на својата позиција во жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и покрај тоа што нејзините колеги од почетокот не беа љубезни кон новиот член.
Во најавата за новото шоу, Цеца го искара Саша Поповиќ, бидејќи не и се допаднаа неговите потези.
Имено, Поповиќ неколку пати и замери на Цеца дека не им го стиснала копчето за паника на кандидатите кои не ги исполнуваат критериумите, а кога таа првпат го дала, рекол:
– Ајде, тие што го стискаат копчето за паника, ама ти… -и рече Саша на Цеца, додека таа немо го гледаше.
– Ти да стиснеш копче за паника? – повтори Поповиќ, а на тоа Цеца се извади од такт.
– Дојдов овде да оценувам, Саша, а не ти да ме малтретираш – му замери Ражнатовиќ.