Овој брз колач од сливи е одличен за да се заблажите по ручекот. За мерка користете чаша од 2 децилитри.
За тесто:
3 јајца
чаша шеќер
чаша зејтин
чаша јогурт
чаша гриз
чаша брашно
прашок за пециво
Фил:
околу 800 грама сливи
3 лажици шеќер
Посип:
околу 100 грама презла
шеќер по вкус
малку зејтин
Подготовка:
Соединете ги состојките за тестото, половината ставете ја во мала тава и печете 200 степени околу 10 минути. Потоа ставете го филот (заедно со сокот кој сливите помешани со шеќерот ќе го пуштат). Покријте со вториот дел од тестото и печете уште дваесетина минути.
Посипете со презла (пропржена на малку зејтин со шеќер)
Добар апетит.