понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лихтштајнер преговара со Арсенал

Лихтштајнер преговара со Арсенал

Дефанзивецот на Јувентус, Стефан Лихтштајнер преговара за трансфер на Арсенал, вели „Гардијан“. Швајцарецот станува слободен агент во текот на летото и може да се приклучи без пари на „топџиите“.

Според информациите, Лихтштајнер би можел да стане прв трансфер на новиот менаџер Унаи Емери.

Ветеранот помина седум години во Јувентус, но, клубот одлучи дека нема да му понуди нов договор и тој го напушти „Алијанс“ стадионот.

Пред извесно време беше кажано дека Борусија Дортмунд е заинтересирана за него, но подоцна Германците одлучија да се насочат кон Пол Лирола од Сасуоло.