вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Богат, а брз ручек: Рецепт за сочни лажни лазањи кои ги обожуваат сите

Богат, а брз ручек: Рецепт за сочни лажни лазањи кои ги обожуваат сите

Ќе се изненадите колку лесно се подготвуваат, а вкусот е неверојатен.

Доколку сакате да уживате во лазањи, а не ви се јадат тестенини, оваа здрава алтернатива е одлично решение за вас.

Состојки:

– 1 килограм тиквички;
– половина килограм мелено месо;
– 1 главица кромид;
– 100 милилитри млеко;
– брашно по потреба;
– 3 јајца;
– сол, бибер, магдонос, оригано по вкус;
– 1 лажица суви зачини.

Подготовка:

Исчистете ги тиквичките и исечете ги по должина, па посолете ги и оставете ги да ја испуштат водата.

Во подлабока тава пропржете го ситно исечканиот кромид на малку масло за јадење, па додадете мелено месо, сувите зачини, сол, бибер, магдонос, оригано по вкус.

Потоа процедете ги тиквичките и нежно извалкајте ги во брашно. Ставете ги во плехот. Откако ќе ставите еден ред од тиквичките, над нив ставете од смесата со месото, па повторно ред тиквички ред месо, додека не ги потрошите намирниците.

Плехот покријте го со алуминиумска фолија и печете околу 15 минути во рерна претходно загреана на 200 степени.

Потоа извадете ја фолијата и продолжете да печете. По 15 минути, повторно извадете и прелијте ја со мешавината од изматени јајца и млеко, па вратете го плехот во рерната и печете уште 20 минути.