Низа истражувања покажаа дека портокалот е ефикасен во превенцијата на рак на хранопроводот и желудникот.
Истражувањата исто така докажаа и дека полифенолите и терпените од портокалот го спречуваат растот на туморските клетки. Ова овошје, сепак, најкорисно е во превенцијата на болести, бидејќи го олеснува процесот на детоксикација на организмот. Портокалите содржат и полиамини, кои учествуваат во регулацијата на клеточната делба, што е исклучително важно.
Затоа, салата зачинета со сок или парчиња портокал е одлично првентивно средство. Ако портокалот е црвен, тоа е уште подобро.
Тој содржи мноштво антоцијанини, природни пигменти кои имаат извонредни антиоксидантни својства.