четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Оригинален италијански рецепт за тирамису: Том Хенкс го прослави во 1993 година во популарниот филм

Оригинален италијански рецепт за тирамису: Том Хенкс го прослави во 1993 година во популарниот филм

За само половина час може да направите фантастичен десерт кој ќе ги воодушеви сите генерации.

Неодолив десерт по потекло од Италија, настанал во 60-те години во провинцијата Венето, а кога стигнал во слаткарниците ширум Европа, љубителите на кремастите десерти биле воодушевени од текстурата и вкусот.

Интересирањето за тирамису во САД се зголемило во 1993 година кога актерот Том Хенкс во комедијата „Sleepless in Seattle“ слушнал за него како мистериозна работа која модерните жени ја сакаат.

Денес без тирамису не може да се замисли ниту една слаткарница ниту пак ресторан.

Состојки:
– 4 жолчки;
– 150 грама шеќер во прав;
– 500 грама маскарпоне сирење;
– 2 ќесички ванилин шеќер;
– 500 милилитри слатка павлака;
– 4 пакетчиња пишкоти;
– 400 милилитри нескафе;
– 3 лажици рум;
– Органско какао.

Подготовка:

Во сад ставете ги жолчките со 150 грама шеќер во прав на пареа, па мешајте 15-на минути. Кога ќе го тргнете садот, додадете ги 2-та ванилини шеќери, па мешајте. Сварете го кафето во 4 литри вода, па оставете да се излади.

Посебно изматете 500 милилитри павлака и додадете малку шеќер во прав. Маскарпоне сирењето соединете го со жолчките, па додадете ги во павлаката.

Во инстант кафето додадете ги лажиците рум, па распоредете ги пишкотите во два реда. Ставете го кремот и посипете со органско какао.

Заради визуелен впечаток можете да ставите пишкоти над кремот, за декорацијата да биде како во хотелите.

Тирамисуто послужете го со топол напиток – кафе, топло чоколадо, какао…

Пријатно јадење!