среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Сите знаеме дека е здраво да се јаде риба, но овие 7 видови се најздрави од сите

Сите знаеме дека е здраво да се јаде риба, но овие 7 видови се најздрави од сите

Збогатете ја вашата трпеза со риби, тие изобилуваат со корисни аминокиселини. Нутриционистичките совети секогаш ја вклучуваат рибата како дел од неделното мени, па ајде да дознаеме кои се сметаат за најздрави видови на риба и да пробаме да ги вклучиме во исхраната што почесто.

Лосос

Лососот содржи ниско ниво на жива, а многу омега 3 масни киселини. Посебно се препорачува за деца, бидејќи влијае поволно на развојот на мозокот.

Туна

Претставува одличен извор на омега 3 масти. Баш како и лососот, и туната содржи материи кои го поттикнуваат развојот и во чуваат здравјето на мозокот.

Скуша

Со оглед на тоа дека спаѓа во масни риби, не е ни чудно што содржи доста омега 3 масни киселини. Исто така, се смета дека оваа риба содржи најмал процент на жива.

Сардини

Независно дали ќе ги припремате сами или ќе ги јадете од конзерва, сардините се добар избор. И овој вид на риба е богат со омега 3.

Харинга

Харингата го поттикнува развојот на мускулите. Покрај здравиот состав на масни киселини, содржи и аминокиселини кои им се потребни на мускулите.

Сом

Можеби нема доволно маснотии како лососот, туната, скушата и останатите масни риби, но сомот има доволно омега 3 масни киселини, за да може да биде вбројан во оваа листа.

Бакалар

Изберете го својот омилен начин на припрема и уживајте во богатството од здрави масти и аминокиселини.