Ако сакате свежо купените јагоди да траат подолго, потребно е да ги отстраните оние кои се веќе меки.
Штом купите нова тура јаготки, пред да ги ставите во фрижидер, направете едноставна постапка која ќе им го продолжи рокот и свежината:
- Бел оцет
- Вода
- Голема цедалка
Измешајте половина шолја оцет во 2 ипол шолји вода.
Потопете ги јагодите во мешавината неколку минути. На овој начин ќе се ослободите од сите ситни бактерии кои предизвикуваат свежината на јагодите да исчезне брзо.
Измијте и исушете ги јагодите во голема цедалка за тестенини.
На овој начин неколку денови ќе бидат свежи.