петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо ги понуди своите услуги на Интер, клубот го одби поради неговата голема плата и враќањето на Лукаку

Роналдо ги понуди своите услуги на Интер, клубот го одби поради неговата голема плата и враќањето на Лукаку

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо ги понуди своите услуги на Интер. Според „La Repubblica“, Португалецот преку своите застапници ги понудил своите услуги не само на Рома, туку и на Интер.

„Нероаѕурите“ го одбија 37-годишниот Португалец, бидејќи не се подготвени да му платат околу 20 милиони евра годишно што ги добива во Јунајтед.

На одлуката на Интер влијаеше и претстојното враќање во клубот на Ромелу Лукаку.

Сега италијанскиот клуб има цел да потпише договор со уште еден поранешен напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала.

Минатата сезона Роналдо постигна 24 гола и оствари три асистенции на 39 натпревари за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања. (МИА)