сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецепт за ПИЛЕШКИ батаци во сос од ПАРМЕЗАН: Месото е толку сочно што се топи во уста!

Рецепт за ПИЛЕШКИ батаци во сос од ПАРМЕЗАН: Месото е толку сочно што се топи во уста!

Совршен ручек за денес

Состојки:

7 батаци
4 чешниња лук
40 гр путер
1 лажица брашно
150 мл пилешка супа
200 мл неутрален крем
сол, бибер
пармезан

Подготовка:

Зачинете ги батаците по вкус пред печење. На врело масло пропржете го лукот, па додадете го месото. Додадете две коцки путер и пржете на умерен оган додека кората не порумени.

После тоа ставете ги во огноотпорен сад. За сосот во тавче пропржете една лажица брашно додека не порумени, но внимавајте да не изгори. Додадете коцка путер и мешајте додека не се растопи.

Истурете ја супата, а потоа неутралниот крем со постојано мешање.

Зачинете по вкус и варете додека не почне да врие. Добиената смеса прелијте ја врз батаците, па посипете ги со пармезан.

Се пече во загреана рерна на 180 C околу половина час.

По желба, пред сервирање украсете ги со сечкан магдонос или копар.