понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Вистинско летно задоволство: Јогурт торта со малини

Вистинско летно задоволство: Јогурт торта со малини

Едноставен рецепт во кој ќе го уживате во жешките летни денови.

За кора:

250 гр. мелени бисквити
130 гр. путер
2 лажици шеќер во прав

Фил:

500 мл. јогурт
120 гр. шеќер во прав
350 мл. слатка павлака
1 ванилин шеќер
300 гр. малини
2 кесички желатин

Подготовка:

Мелените бисквити измешајте ги со шеќерот во прав и додадете го стопениот путер. Добро соединете ги состојките, а од добиената смеса формирајте кора во калап со пречник од 24 см.

Желатинот растворете го и оставете. Во поголем сад матејќи со миксер соединете ги јогуртот, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, а потоа додадете го желатинот. Слатката павлака изматете ја за да добиете густ шлаг, па помешајте со јогуртот и желатинот и се соединете убаво.

На веќе подготвената кора наредете малини, а одозгора ставете го кремот. Тортата ставете ја во замрзнувач најмалку четири часа. Украсете со свежи малини и уживајте во вкусот.