Вкусен колач кој се прави брзо и лесно.
Состојки:
Подлога:
4 јајца, 4 лажички брашно, 3 лажички шеќер, 1 прашок за пециво, 2 лажички какао, 3 лажички масло
Крем:
2 пудинзи од ванила, 600 мл млеко, 10 лажички шеќер, 10 лажички маргарин, 250 грама банани (испасирани со вилушка)
Подготовка:
Жолчката изматете ја со шеќер, масло, брашно, пецивото и какаото.
Направете снег од белките и спојте ги со смесата од жолчката и печете околу 25 минути на 180 ºC.
Кога е готов бисквитот за подлога, прелијте го со 150 грама шеќер и вода.
За кремот згответе пудинг во 1/2 л млеко со 4 лажички шеќер. Оставете да се излади, а за тоа време изматете маргарин со 4 лажички шеќер во прав и банани.
Кремот прелијте го врз бисквитот, а врз кремот прелијте чоколадна глазура од 100 грама чоколадо, 1 лажичка шеќер и 50 грама маргарин.