Ако сакате сливи, тогаш ќе ви се допадне овој овошен десерт. Вкусниот десерт не враќа во детството, а брзо ќе исчезне од трпезата
Состојки:
500 гр сливи
3 дл јогурт
три јајца
150 гр шеќер
1 дл масло
кесичка прашок за пециво
една лажичка цимет
250 гр брашно
шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Измијте ги сливите, исечете ги на половина и извадете ги семките. Јајцата изматете ги со шеќерот. Брашното измешајте го со прашокот за пециво, па постепено додавајте го во изматените јајца, а потоа и останатите состојки.
Добро измешајте, па истурете ја смесата во подмачкана тава или огноотпорен сад, а одозгора наредете ги сливите. Печете во во рерна загреана на 180 степени околу половина час.
Кога колачот ќе се излади, посипете го со шеќер во прав.