сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Тројца судии суспендирани од ЕП

Тројца судии суспендирани од ЕП

Италијанскиот судија Мануел Мацони и Полјаците Војчех Лиска и Михал Прок добија суспензија од Европското првенство поради лошо судење на мечот меѓу Литванија и Германија.Грчкиот новинар Јоргос Закас истакнува дека овие тројца арбитри повеќе нема да судат на 41. Европско првенство во кошарка.

Литванците беа жестоко оштетени против домаќинот на ЕП. Во третата четвртина не изведоа слободно фрлање, кое мораа да го изведат бидејќи германскиот селектор Гордон Херберт доби техничка грешка.

На крајот Литванија доживеа пораз по две продолженија 109:107.По мечот, Литванците поднесоа жалба, која ФИБА експресно ја одби.

По три кола во групата Б, Германија има три победи, а Литванија забележа три порази.