Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја потврди промената на неколку правила, која ќе се имплементира од први октомври оваа година.
Најголемиот новитет на кошаркарските терени ширум светот ќе биде можноста за тренерите да побараат проверка на одредени одлуки. Предводниците на тимовите ќе имаат право на „челенџ“, по што арбитрите ќе мора да ја погледнат снимката и можат да ја променат одлуката.
- Главните промени во кошаркарската игра:
1. Тренерите ќе имаат право на „челенџ“ кога се незадоволни со одлука на судијата, можат да побараат судиите да погледнат снимка.
2. Фаул во последните две минути не е автоматска неспортска. Тоа значи дека нема да се доделуваат неспортски лични грешки во последните минути од четвртата четвртина или продолжението.
3. ЛЕД светла ќе бидат дозволени за одбележување на терените, но и рекламите како што е тоа во НБА лигата.
Сите промени кои ФИБА ги прави се со верување дека ќе се подобри квалитетот на играта.