Изгледа доаѓа крајот на сагата околу трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус.
Една од најупатените фудбалски емисии во Шпанија, Ел Чирингуито објавува дека попладнево Португалецот станува нов фудбалер на Старата дама за сума од 100 милиони евра. Како што објавуваат тие Реал Мадрид ја прифатил понудата на Јувентус.
Инаку, утринава на социјалните мрежи беа објавени фотографии на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели како влегува во авион за Грција, каде замина на разговори со Кристијано Роналдо.